За Велигденските празници хотелите се со исполнат капацитет на охридско – струшкото крајбрежје
Најбројни гости се Грците, но има посетители и од сите соседни земји. Хотелите нудат богати велигденски програми со што ги привлекуваат гостите традиционално да доаѓаат да го прослават Велигден во Македонскиот Ерусалим.
Доколку по утрото се познава денот, а по посетеноста на гостите за Велигденските празници тогаш угостителите од охридско – струшкото крајбрежје може да бидат задоволни. Не очекува одлична туристичка сезона, информира задоволно Крсте Блажески претседателот на Хотам. Блажески додава, заинтересираните тешко доаѓаат до празно место, капацитетите се полни.
„ Имаме гости од Грција ,како поголема бројка, нешто има и домашни туристи. Има гости и од околните земји, од Албанија, Бугарија, Србија, но имаме и гости од Израел. Кружни тури од Турција кои се поклопија со празниците“, вели Блажески.
Туристичките аранжмани за Велигденските празници се најразлични. Има туристички пакети од по 2 и 3 ноќевања на база на пансион и полупансион.Цените се движат од 30 до 40 евра по лице. Хотелите нудат богати велигденски програми со што ги привлекуваат гостите традиционално да доаѓаат да го прослават Велигден во Македонскиот Ерусалим.
„ За Велигденските празници имаме вапцани јајца, организираме гостите кои сакаат да одат во црква. После полноќ имаме богата вечера со печено јагнешко чорба и музичка забава. Служиме и бројни специјалитети ко се подготвуваат за празникот на македонски традиционален начин сето тоа е во изобилсто, а гостите тоа го знаат. Имаме за празниците наши гости кои доѓаат со години “, вели Блажески.
По Велигденските и Првомајските празници на 7 мај на охридскиот аеродром ќе слетаат и првите холандски туристи во оваа сезона. Од 10 мај се очекуваат нови гости секој втoрник и петок сопо два лета од туроперaторите Корендон и Туи. Веднаш потоа пристигата и гостите од Полска и туроперaтoрoт Томас Хук.