Во рамки на свеченостите по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, на 19.01.2025 година на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ е предвидена е богата музичка програма, информира градоначалникот Кирил Пецаков.
По церемонијата за фрлање на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, ќе се погрижат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.
На 20.01.2025 година, на Денот на рибарите на месноста Сараиште, со почеток во 12 часот, за музичката забава ќе бидат задолжени членовите на Охридскиот музички еснаф, се додава во соопштението.