Skip to main content

За време на екстерното охридските директори на службен пат

За време на екстерното охридските директори на службен пат .

 |  Валентина Неловска  | 
професори
професори

Од ОО на СДСМ упатуваат критики кон директорите на охридските училишта. За време на спроведување на екстерното тестирање  во училиштата првите раководни луѓе  заминаа на службен пат во Турција, обвинува портпаролот на ОО СДСМ , Александар Кузески. Охридските социјалдемократи прашуваат дали овој владин проект и не е толку приоритетен  за охридските директори и училишта.
ет
Иако сите разборити луѓе во државата знаат дека единствена цел на фантомскиот проект екстерно тестирање е да се дисциплинираат наставниците и  дополнително да се внесе конфузија во образовниот систем во државата. При тоа се спорведува со многу недоследности и неправилности сепак најодговорните луѓе во училиштата , директорите одбраа да не се присутни на чинот на екстерното тестирање“, кажа Кузевски.

Кузески запраша кој ќе одлучува во име на отсутните директори кои се и претседатели на училишните комисии за спроведување на екстерното тестирање.  Кој врши мониторинг и контрола врз тестирањето во нивно одсуство.

Јордан Пуроски како претседател на активот на директори на основните и  средните училишта и  администратор одговори на обвинувањата упатени кон дел од неговите колеги. Кажа дека екстерното тестирање тече во најдобар ред и без пробелеми. Кажа дека  отсутвото на дел од директорите на училиштата  немало  никакви негативни  реперкусии.
професори
„ Не нема негативности. Контактирав со  сите училишта имаат задлжителни комисии. Комисиите го спроведуваат екстерното тестирање. Секое училиште има формирано комисија и во сите училишта без проблем се спроведува екстерното тестирање“, истакна Пуроски.

Пуроски потенцираше дека комисиите си имаат назначени заменици претседатели за следење на екстерното тестирање. Тој напомена дека службеното патување на дел од директорите било на покана од приватното училиште Јахија Кемал. Претходно на активот на директори била разгледувана поканата од турското училиште и била донесена одлука да се прифати патувањето но токму поради екстерното да се  помести терминот на посетата во Турција од 2 на 5 јуни, кажа Пуроски.

{loadposition content9}