Skip to main content

Забрана на водата за пиење во Долно и Горно Лакочереј

Се чекаат резултатите од повторената анализа на водата за пиење од овие мерни места, информираат од ЈП Водовод Охрид.
 |  инфодеск  | 
Прекин вода

ЈП Водовод Охрид ги известува жителите од селата Долно и Горно Лакочереј, дека се забранува водата за пиење.

Забраната ќе биде во сила се додека од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Охрид не се добијат резултати од повторената анализа на водата за пиење од овие мерни места, информираат од претпријатието.