ЈП Водовод Охрид ги известува жителите на с.Долно Лакочереј дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид и добиените резултати се укинува забраната за пиење на водата.
Во с.Горно Лакочереј сеуште е во сила забраната за пиење на водата, до следно известување, посочуваат од претпријатието.