Skip to main content

Национални шуми

Забрана за движење низ шуми

Движењето е дозволено само со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“. Забраната се применува заради превенција од шумски пожари.
 |  Валентина Неловска  | 

Стапи на сила делумна забрана за движење низ шумите и шумското земјиште. Забраната се воведува како превентивна мерка против шумските пожари, информира Славчо Голабоски, директор на Македонски шуми, подружница Охрид.

Согласност за забраната даде Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање од ЈП „Национални шуми“. Движењето е дозволено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ во периодот од шест до дваесет часот.

Ние нема да им забраниме да се движат на луѓето. Тука сме за сите кои имаат потреба за движење во шумите. Ќе им излеземе во пресрет, ќе издадеме дозволи за движење со којшто ќе се легитимираат. Задолжително ќе треба да се пријавуваат на ловочуварската служба во нашето претпријатие – напоменува Голабоски.

Во овој период има голема раздвиженост низ шумите. Во руралните средини луѓето имаат различни потреби кои работат земјоделски работи или собираат шумски плодови.

Делумната забрана се применува токму заради превенција од пожари којшто можат да бидат предизвикани од невнимание или со намера. Потребно е да имаме контрола каде се движат луѓето, вели Голабоски.

Специфично за Охрид е што голем број од населението е по потекло од други региони. Не е проблем во дозволата да се неведе местото каде што ќе се движи, територијата, атарот на селото или шумата. Не е важно дозволата дали ќе биде издадена во Охрид или во Струга – кажува Голабоски.

За среќа, минатата година на територија на општина Охрид имало мал број на шумски пожари кои биле брзо изгасени. Вработените во подружницата успешно се справиле со пожари.

Делумната забрана за движење низ шуми не важи за вработени лица во ЕВН, ЦУК ,ТППЕ.

Законодавецот пропишал ригорозни казни за непочитување на оваа забрана за физичките лица. На лицата кои ќе бидат затекнати во движење низ шумата им се заканува парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Одговорноста за спроведување на забраната е на вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, но и од Шумската полиција и МВР.