Skip to main content

Градежни активности

Забрана за паркирање на ул. Македонски Просветители

Поради изведување на градежни работи, се известуваат учесниците во сообраќајот дека од 18.04.2022 (понеделник) се забранува паркирање и запирање на дел од ул. „Македонски Просветители“.
 |  инфодеск  | 
Македонски просветители

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 18.04.2022 година (понеделник), се забранува паркирање и запирање на паркинг просторот на улица „Македонски Просветители“. Забраната е од пресекот со улица „Димитар Влахов“ до пресекот со улица „Даме Груев“, поради изведување на градежни работи.

Се упатува и молба до сите пешаци за зголемена претпазливост. Останатите делови од улицата и околните улици ќе функционираат согласно веќе воспоставениот режим на сообраќај.