Skip to main content

Градежни активности

Забрана за паркирање на ул. Марко Цепенков

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од денеска ќе важи времената забрана за паркирање на возила на ул. „Марко Цепенков“ поради градежни активности.
 |  инфодеск  | 
забрането паркирање

Општина Охрид започна со реконструкција на дел од улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружната крстосница со ул. „Питу Гули“ до кружната крстосница со ул. „Момчило Јорданоски“.

Заради непречено одвивање на градежните активности, се известуваат и воедно сите учесници во сообраќајот од ден 23.03.2023 година и понатака, да не ги паркираат своите возила на овој потег – информираат од Локалната самоуправа на Општина Охрид.