Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево–Охрид преку Пресека
На планинскиот превој Ѓавато од 07:00ч укината е забраната за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
На планинскиот превој Ѓавато од 07:00ч укината е забраната за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ.
ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
Од 07:15 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека,
Од 06:30 часот воведена е забрана за ТТВ на планинскиот премин Стража,
Од 06:30 часот воведена е забрана за ТТВ на патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар,
Од 22:00 часот (29.11.2021) е воведена забрана за ТТВ на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите дека од 15 Ноември започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2022 година. Повеќе детали за задолжителната зимска опрема.