Забранет бизнисот со метален отпад
Отпадите за старо железо 6 месеци под клуч
Покрај сувото гори и суровото. Поради зачестените кражби на метални предмети кои се во општа употреба како капаци од шахти, контењери, делови од метални електрични столбови, Министерството за животна средина стави крај на бизнисот со старо железо. За сметка на прекршителите на законот настрадаа и оние кои од овој бизнис чесно заработуваа за леб. Ова е обид на уништување на големите фирми за секундарни суровини и поддршка на крадците, смета Љупче Славески, на кој собирањето и продавањето на старо железо му е животна егзистенција.
Но импликациите не завршуват тука. Секна еден од поголемите извори за обезбедување на личен доход на вработените, сметаат сопствениците на поголемите отпади. Тие велат дека и покрај тоа што одлуката на Владата негативно ќе влијае врз нивната работа, истата мора да се почитува.
Штета трпат и малите фирми кои се наменски регистрирани за откуп на секундарни суровини. Предраг Далчев сопственик на една таква фирма, смета дека Владата треба да добро да ја преиспита оваа одлука и уште одма да ја повлече.
„Си поигруваат со нашата судбина“, вели Челика Далчева. Таа поради работата со откупот на старото железо се откажала од скромната социјална помош, за да сега повторно да стане зависна од тој надоместок. Далчева вели дека одлуката на Владата за забрана на откуп на метални предмети, не е начин да се справи со крадците.
Сопствениците на малите фирми за откуп на секундарните суровини, принудени се да ги отпуштат вработените, бидејќи нема работа. Предупредуваат, дека ваквиот потег на Владата, која според нив носи неиздржани одлуки ќе предизвика дополнително загадување на животната средина, бидејќи луѓето од немајкаде, дотрајаните електрични уреди па и се останато ќе го фрлаат насекаде покрај патиштата, планините а не ретко, посебно кај нас, завршуваат и во езеро.
{loadposition content9}