ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ГОЛЕМ БРОЈ ПАТНИ ПРАВЦИ ВО ЗЕМЈАВА ПОРАДИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ
Од 4:50ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово.
Од 4:50ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово.
Од 08:30ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Од 09.00ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир.
Во северните и североисточните краеви на земјата поради паѓање на снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови на земјата сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.
Потсетување за возачите дека од 15 Ноември започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2022 година.