Skip to main content

Зачестија дефектите во Охрид

Зачестија дефекти на цевоводи со поголеми димензии во градов. Екипи на Р.Е. Водовод вчера отворија нов кратер на пресекот меѓу ул „Стив Наумов“ и  „Туристичка“ поради дефект на водоводната мрежa.

 |  Николоска Биљана  | 
dupka
дупка

dupkaОва е трет поголем дефект за само два дена на подрачјето на општина Охрид. Синоќа жителите на улиците „Гоце Делчев“, „Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“, „Стив Наумов“, „Јабланица“ и делови од булеварот „Туристичка“, до нешто после полноќ останаа без вода.

Интервенцијата траела до доцна во ноќта затоа што  пукнала цевка со димензии Фи 300 и целата морала да биде заменета. И овој пат како и во претходните случаи со дефектите кај  Енерго Центар на ЕВН и наспроти СВР Охрид, кога жителите во реонот останаа без вода, директорот на МЈП Проаква Томе Паскалиев недостапен за јавноста. Двеста километарската водоводно канализациона мрежа попушта и секојдневно прави проблеми а граѓаните треба да бидат информирани како ЈП се справува со дефектите.

{loadposition content9}