Skip to main content

Секое задоволство се плаќа

Сопствениците на локалите кои пуштаат снимена музика во објектот, а што придонесува за зголемување на пријатноста на нивните гости ќе плаќаат посебна такса.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kafana
кафана

Колку пари толку музика. Министерството за култура воведува такса за пуштање музика. Неа ќе ја собира новоформирана организација на македонската музичка индустрија ММИ каде членуваат музички продуценти и изведувачи. Новата давачка ќе треба да ја плаќаат хотелите, рестораните, пицериите, кафетериите, сендвичарите и сите останати субјекти каде се пушта музика. Хотелиерите реагират дека во ова време на економска криза кога повеќето од нив се на работ на економска оправданост секој денар е важен. Тоше Чочоровски, директорот на хотел „Силекс“ вели дека постојано се носат само нови Закони со кои се обременуваат хотелиерите и додава дека треба да се преиспита дали навистина е потребно воведувањето на една ваква давачкаrestoran

Оваа нова давачка не е поврзана со досегашната за авторски права кон ЗАМП која се однесуваше на изведување музика во живо. Сега пари ќе плаќаат и оние кои пуштаат снимена музика во објектот, а што придонесува за зголемување на пријатноста на нивните гости. Висината на надоместокот се утврдува со Тарифата која се применува доколку не е склучен општ Договор со соодветната категорија на корисници, преку нивното репрезентативно здружение или комора, или поединечен договор со конкретниот корисник. Угостителот Љупчо Патчев вели дека давачките мора да се плаќаат, но додава дека треба нивната висина да биде разумна, а не да се стават некои превисоки суми
Од ММИ објаснуват дека за да се примени Тарифата, корисникот треба да им достави соодветни податоци врз основа на кои ќе му се утврди висината на месечниот надоместокот, по што ќе му биде доставена уредна фактура. За корисниците кои навремено ќе достават податоци и кои навремено ќе плаќаат предвидени се и соодветни попусти. Доколку корисникот не  достави податоци, Доколку корисникот не  достави податоци, ММИ ќе има право самата да ја утврди висината на сумата. Против оние корисници кои нема да плаќаат во оставениот рок ќе бидат покренати соодветни постапки, во кои ќе се побарува казнена камата и трошоци на постапката. Според Министерството за култура со наплата ќе се започне на есен.

{loadposition content9}