Skip to main content

Заедничка активност со Албанија за сливот на Охридското езеро

Денес во организација на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро стручен тим ќе престојува во Поградец, Албанија

 |  Маја Савиќ  | 
Panoski
Паноски

Ohridsko ezeroДенес во организација на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро стручен тим ќе престојува во Поградец, Албанија

Целта на посетата и состанокот е многукратна. Прво, заеднички со тим од албанската страна ќе се разгледа состојбата настаната од новата хидролошка состојба и нејзиното влијание во сливот и врз самото езерото. Планирано е потоа да се увидат состојбите со управувањето на рибниот фонд на албанската страна, притисокот од урбанизацијата и степенот на одведување на отпадните води. Ќе се разговара и за обезбедување термин за следниот состанок на Билатералниот Комитет и за активностите поврзани со Дримскот Басен. Исто така заеднички ќе бидат земени и проби од третираните води од пречистителната станица во Поградец за да се анализираат и да се утврди квалитетот на прочистената вода која влегува во езерото.

„Континуирано и заедничко следење на состојбите е основа за утврдување на реалната состојба. Не смее одлуките за езерото и сливот да се остават во рамките на шпекулации и нагаѓања, туку да се носат врз база на строги и јасни научни и експертски податоци. Ова не е ниту 1957, ниту 1980 па управувањето да го базираме на тие податоци и мерки. Ова е 2010 и мора да се однесуваме во согласност со состојбите. Бараме можностите за реализација на 4 годишниот заеднички Акционен План кој го изготвивме, но и договор за идни брзи преземања на мерки. Локалната и централната власт, секоја со своите надлежности, мора да влезат во новата сфера на управување, пред се на ниво на речен Басен. Охридското Езеро е управувачки врзано со реката Дрим и тука нема бегање”, изјава Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро.
{loadposition content9}