Skip to main content

Common Cultural Heritage

Заеднички елементи на Балканската праисторија

Меѓународна конференција посветена на балканската предисторија се одржува викендов во Охрид во организација на Центарот за истражување на предисторијата. Доста сличности и заеднички елементи во материјалната култура покажуваат досегашните резултати од заедничката работа на неолитските локалитети во Влахо, Поградец и Винча на која се вклучени 50тина студенти и стручњаци кои воедно ќе приложат нови перспективи за предисторијата во Србија, Албанија и Македонија.
 |  инфодеск  | 
Балканска предисторија

Заеднички елеметни и доста сличности во материјалната култура од праисторијата на територија на Србија, Албанија и Македонија. Ова го покажуваат резултатите од досегашната заедничка работа на археолози од трите земји на неолитските локалитети во Влахо, Поградец и Винча, вели Гоце Наумов претседател на Центарот за истражување на предисторијата. Истражувањата се во рамки на проектот Common Cultural Heritage, а сознанијата од истите стручњаци и студенти ги презентираат во Охрид на Меѓународна конференција посветена на балканската предисторија .

Заеднички елеметни и доста сличности во материјалната култура од праисторијата на територија на Србија, Албанија и Македонија. Ова го покажуваат резултатите од досегашната заедничка работа на археолози од трите земји на неолитските локалитети во Влахо, Поградец и Винча, вели Гоце Наумов претседател на Центарот за истражување на предисторијата. Истражувањата се во рамки на проектот Common Cultural Heritage, а сознанијата од истите стручњаци и студенти ги презентираат во Охрид на Меѓународна конференција посветена на балканската предисторија.“, смета Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата.

На финалната конференција и претходеа работни состаноци на терен, предавања, работилници со вклученост на педесетина археолози од трите држави кои ги усовршуваат методите на истражување. Постои добро меѓусебно разбирање кое допринесува до потемелно разбирање на праисторијата, но и отворање на можности за нови соработки, истакнува Наумов.

Беше само прашање на време кога ќе почнеме да работиме заедно и да придонесуваме уште потемелно кон разбирање на праисторијата и на нејзините хронолошки, културни карактеристики, така да ова е само отворање на нова порта во соработката меѓу овие три земји и археолозите, затоа што видовме дека има само бенефит од овој вид соработка во смисол, на нови научи сознанија кон кои заедно придонесуваме и погледи и перспективи на предисторијата на Балканот.“, потенцира Наумов.

На крајот на проектот ќе бидат презентирани публикации и брошури, дополнително ќе финализира со издавање на книга која ги сумираат активостите и согледувањата произлезени од проектот кој финансиски е поддржан од Фонд за Западен Балкан при Европската Унија.