„Заедно за еден детски живот“
Под мотото “Заедно за еден детски живот”, охридските новинари и Црвениот крст, заедно со општина Охрид, организираат неделен хуманитарен хепенинг.
Утре, од 12:00 до 17:00ч, да бидеме на градскиот плоштад и сите заедно да ја покажеме нашата хуманост. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид на кого му е потребна итна операција во Пекинг, а која чини 35 000 евра.
Својата хуманост можете да ја покажете и со донирање на 100 ден.+ддв, на следниве телефонски броеви:
ONE 075/143-113
VIP 077/143-115
Финансиски средства можете да уплатите и на следнава ж.с-ка:
530-5000176152-54
депонент: Охридска банка
Во понеделник, со почеток во 20ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“ со купената карта од 100 ден. за шоуто на „2 mothers brothers“ донирате за спас на еден детски живот.
Децата се најголемиот благослов и дар од Бога!
Токму затоа, во интерес на хуманоста, помогнете Заедно да спасиме еден детски живот!!!
{loadposition content9}