Заев: Да ја спуштиме топката
Охридските социјалдемократи шиканирани и под голем притисок во институциите на локално ниво каде што работат, обвини претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната негова работна посета на Охридскиот огранок на партијата.
Новиот претседател на СДСМ Зоран Заев, меѓу своите сопартијци од Охрид. Заев на денешната прес конференција кажа дека има многу поплаки од граѓани на Охрид, дека се изложени на огромни притисоци во локалните институции каде што работат.
„Многу граѓани кои што немаат своја членска книшка а се вработени во локалните јавни претпријатија се деградирани од своите места, голем дел преку советот слушнавте беа принудени да поднесат оставки од своите раководните кадри, голем дел од луѓе кои немале до крај регулирано работен однос се повијувани на информативни разговори она што го знам дека дел од нивсе принудувани да поднесат изјава дека сами бараат да одат до МВР и да соопштат, тоа се непринципиелни работи“.
Заев доколку е потребно понуди и правна заштита од адвокати кои ќе ги обезбеди партијата не само на неговите сопартици туку и на сите граѓани на Охрид кои ќе се пожалат на политички притисоци. За да не дојде до тоа порача.
„На почеток на мандат е мојот колега Бакрачески, но нечовечките односи навистина оставаат во оваа наша ранлива Македонија во овие моменти на обременетост со економска криза и сите неизвесности исправени пред нас, непоправливи штети. Во тој дух апелирам да ги спуштиме топките“.
Заев денеска со раководството на охридскиот огранок на сдсм разговарал за внатрепартиски прашања. Позната му била состојбата во Охрид и во една демократска атмосфера како што истакна Заев ќе го извлече максимумот на најдобри решенија кои што ќе бидат раководство на ОО. За крај рече дека ОО од Охрид заслужува силно внимание во СДСМ во Скопје.
{loadposition content9}