Skip to main content

Светски ден на водите

Загадувањето главен предизвик за заштита на Охридското Езеро

Под мотото „Вода за мир” денес се одбележува  22 ри март – Светскиот ден на водите. Најзначајниот воден екосистем во земјава но и на европскиот  континент, Охридското Езеро денес се соочува со бројни предизвици.  За поголема заштита потребна е одржлива стратегија од македонска и албанска страна.
 |  инфодеск  | 
Кајче

Загадувањето  е еден од главните предизвици со кои се соочува најстарото  езеро во Европа. Охридското Езеро  секојдневно е под притисок  на отпадните води од  колекторксио систем,но и реките и отпадот кој го одлага  населението, како и големиот број пловила.

Најзначајниот воден екосистем на континентот  допонително се искористува  и како акумулација за производтсво на електрична енергија, а осцилациите на нивото на езерото имаат негативни последици врз биодиверзитетот.   Научниците од Хидробиолошкиот институт велат потребна е одржлива стратегија за поголема заштита.

„Кога станува збор конкретно за Охридското езеро многу се предизвиците што за жал е соочено.Тука накусо би ги наброила загадувањето од икс причини загадување од отпадни води, индустрија, комуналии, домаќинствата. Не можеме сами да се справуваме со предизвиците доколку и македонската и албанската страна не си ги преземат одговорнистите и не се насочат кон решавање на сите проблеми кои ги имаме во регионот”, вели Орхидеја Тасевска директор на Хидробиолошкиот институт Охрид.

Оваа година Светскиот ден на водите се одбележува под мотото Вода за мир.

„Нациите треба да се стремат до секој еден човек на планетата Земја да има пристап до слатка вода. Да 70% од нашата планета е покриена со вода, но само три %  од таа вода е слтка која може да се користи, но „/3 од таа вода е заробена во ледниците иили недостапна за човештвото. Затоа целиот стремеж е да се покрене сваста на населението на планетата Земја за штедење, чување и грижа кон водата” , додава Орхидеја.

Имаме неразумно и несовесно искористување на водените  ресурси.  Потребна е повисока свест кај населението за заштита,  но и штедење на водата.

-„ Се ова ѓубре што гледате тоа е домашна култура. Немањето основна култура е она што се случува, големо ѓубре фрлање, а најмногу загадуваат реките. Голем дел од отпадните води одат во Охридското Езеро, вели еден охриѓанец.

– Воопшто не го штитиме, за жал.

– Не водиме доволно.. Колекторот работи,  но негде ко ќе врне дожд се излева канализацијата.

Министерството за животна средина во февруари годинава   го усвои  Предлог-законот за прогласување на Охридско Езеро за  споменик на природата, според нив со овој закон ќе придонесе за поголема заштита и зачувување на природните вредности. Оваа година Светскиот ден на водите се одбележува под мотото Вода за мир.

Новинар Соња Рилковска