Skip to main content

Загрижува зголемениот број на случаи од мозочен удар во Охрид

Загрижува зголемениот број на случаи од мозочен удар во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Акција за едукација на охриѓани како да превенираат и навреме да препознаат мозочен удар. Здужението за борба против мозочниот удар заедно со Црвен крст одржаа акција која предизвика голем интерес кај граѓаните. Случајно анкетираните  граѓани ги прашавме дали редовно го контролираат своето здравје.МНогу од нив потрдуваат дека сооглед на возраста водат грижа за здравјето.
 
 
Загрижува стапката на нови случаи од мозочен удар и во Охрид и во земјава. Во Македонија годишно има 6000 случаи со мозочен удар, а во моментов  16.000 македонци се борат со последиците од мозочен удар. 50 проценти од нив се трајно онеспообени. Во Охрид  има 128 нови случаи на мозочен удар.

„За жал 46 посто од мозочните удари се случуваат во продуктивната доба, помеѓу 45 и 59 годишна возраст и жените имаат повисок морталитет и полоши последици од мозочниот удар“, напоменува д-р Божиноска.

 Првенцијата има голема улога во спречување на  мозочниот удар, напоменува д-р Божиноска.

„Ризик факторите се делат на фактори врз кои може, а и не може да влијаеме. Може да влијаеме на покачениот крвен притисок, високиот холестерол и масти, дебелината, пушењето, физичката неактивност.  Со промена на овие фактори може да се намали ризикот и со превенција мозочниот удар може да се спречи во 80 посто од случаите“, укажува неврологот.  

За само еден час од почетокот на акцијата се пријавиле 60 посетители. Мото на годиншениот светски ден за борба против мозочниот удар е Брзо негово препознавање. Во првите 4 часа може да спаси живот ако навреме се повика итната медицинска помош на  194, а симптомите се  слабост во раката, промена на зборот  или искривен образ, појаснува неврологот Маја Божиноска.