Skip to main content

Загрозен крвотокот на градот

Загрозен крвотокот на градот. Причина, неасфалтираните улици. На оваа тема денес се огласија од ОК на ВМРО – ДПМНЕ

 |  Николоска Биљана  | 
mitrevic
митревиќ

Катастрофално лоша патна инфраструктура во Охрид. Оваа забелешка беше изнесена на пресот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Вината нормално, на локалната и лажните ветувања на градоначалникот Александар Петрески. Портпаролот Никола Митровиќ порача да се стави крај на омаловажувањето на здравиот разум на сограѓаните, на кои постојано им се пласираат таквите лажни ветувања.

mitrevic pres„Во Охрид се поголем е бројот на неасфалтирани и уништени улици. Ако се земе во предвид дека станува збор за главни улици како: Јане Сандански, Пити Гули, Абас Емин кои преставуваат крвоток на сообраќајот на градот Охрид, тогаш  јасно се согледува негрижата на општината Охрид кон локалната инфраструтура и патиштата во градот. Или прашуваме можеби нивната перспектива е различна, па скапите автомобили имаат добра амортизација и дупките и не се така страшни“,-вели Митровиќ.

Низ главните локални патишта секојдневно надзираат нови пукнатини и дупки, вели Митровиќ. Додава дека улиците плачат од импровизираната санација на уништените улици каде се градат објекти. Па отука Митровиќ бара отчет каде одат парите на граѓаните наменети за тоа.

vmro-dpmne„По некоја извртена логика евидентно својствена за припадниците на локалната власт, веројатно е премногу рано за нешто да се стори, па, кога ќе наближат локалните избори ќе нема доволно пропаганден материјал за да се истера една предизборна кампања! Дали треба да почекаме уште некој месец за да наближи оној критичен предизборен период па да се почне со санација на градските улици, исто онака како што скоро две години со нетрпение ги чекавме  претходните избори за конечно да се завршат активностите на  Даме Груев“?-праша портпатолот на ВМРО- ДПМНЕ.

Новиот портпарол на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Митровиќ, расположен да излезе во пресрет за решавање на проблемите на граѓаните. Тој на денешниот прес, на прашањето од нашата медиумска куќа во врска проблемите од социјалната сфера со кои се соочуваат граѓаните од ранливата категорија, прифати сугестии, информации и забелешки. Митровиќ вети дека ќе се нафати, поинтензивно да ја скенираат работата на институциите и установите кои се занимаваат со оваа проблематика за да детектираат каде лежи проблемот.

{loadposition content9}