Skip to main content

Комунални дејности

Загубата на вода во Охрид сè уште голема

Tоа не е проблем кој преку ноќ ќе се реши. Потребна е инвестиција, работна сила, модернизација на службите.
 |  Голабовски Крсте  | 
вода

да почувствуваме и криза за вода, предупредуваат од ЈП „Водовод“ Охрид. Решавањето на проблемот со загубата на вода не оди преку ноќ, бидејќи потребни се инвестиции, работна сила и модернизација на логистиката на претпријатието. Екипите на претпријатието работат на повик, па се случува да се интервенира и по 40 пати во месецот, со ограничени ресурси и кадар, објаснува Ристески. Загубите на вода во охридско струшкиот регион се големи. Тоа пред се се должи на застарениот цевковод, но одредени проблеми има и во новоизградениот систем.

„Најголем проблем е со детектирањето, кражбите ги има, но не влијае многу во вкупната загуба на вода. Имав еден состанок со комуналните инспектори. Малку е посложена процедурата во тој дел, но и тие немаат кадар. За да имаме успешна една акција, за да поднесеме кривични прекршочни пријави за тие приклучоци, треба вештачење во судска постапка, да се докаже тоа, но не може сам „Водовод“ тоа да го направи, треба да се документира“, – објасни Марајан Ристески – в.д. директор ЈП „Водовод“ Охрид.

Со помош на локалната, наскоро се очекува конечно да се пристапи кон решавање еден голем комунален проблем во населбата „Христо Узунов“ токму поврзан со загубата на вода. Станува збор за пукната цевка, кај една од ламелите, која станарите повеќе од една деценија бараат решение за да се санира, а за која во неколку наврати реагираа до ТВМ телевизијА и преку рубриката „Ти си твојот град“. Конечно Локалната реши да ја преземе работата во свои раце.

„Таму проблемот со едната зграда е решен. Обврска е на куќните совети, меѓутоа се договоривме со локалната самоуправа да ивестираат од локалната, бидејќи се работи за приватен имот. Нашата обврска е до влезот на зградата. Меѓутоа, се договоривме со општината, со средства од општината да се санира. Има рекација од граѓаните зошто ние сме инвестирале, а другата зграда не сака, но нема разбирање кај тие граѓани да се среди, но ете ќе направиме напор со локалната да се финансира и да се надмини тој проблем“, – вели Марајан Ристески – в.д. директор ЈП „Водовод“ Охрид.

Од службите со објаснување дека загубата на вода, не само што го зголемува оперативниот трошок на претпријатието, туку може да доведе и до проблеми во редовното водоснабдување на населението, особено во текот на летната сезона кога и потрошувачката е најголема. Со намалување на загубите на вода во водоводните системи и со рационална потрошувачка на вода, се доаѓа до значајни количини вода, со кои може да се задоволат и зголемените побарувања.