Skip to main content

Проект Усаид

Зајакнување на капацитети за користење на ресурси

Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески беше дел од проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
 |  инфодеск  | 
Дебрца проект

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) ја објави втората група од новите партнер- општини на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

По тој повод градоначалникот Зоран Ногачески во име на општина Дебрца како една од дваесет и четирите општини партнери, потпиша Меморандум за соработка со кој се обврза за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локалните власти за планирање, управување и спроведување на јавните средства.

Покрај тоа, настанот опфати презентации за Извештајот за клучните предизвици и препораки за подобрување на процесот на буџетирање и Извештајот за меѓувладините капитални трансфери до единиците на локалната самоуправа.