Skip to main content

Зајкова во Охрид, во фокусот е рамномерен развој на општините, квалитетни и самоодржливи проекти

Моника Зајкова, претседателката на Либерално демократската партија денес во посета на Охрид. Зајкова подвлече дека фокусот на Министерсвото за локална самоуправа кое го води ЛДП, е рамномерниот развој на општините и релизација на квалитетни и самоодржливи проекти, преку кои младите ќе се задржат да останат во заедниците. Една од причините за посетата е увид во изградбата на голф терените, проект за кој од Министерството за локална самоуправа се издвоени речиси шест милиони денари.
 |  инфодеск  | 
Monika Zajkova

Функционален систем и функционали заедници, каде ќе се цени квалитетот и реализација на проекти кои ќе бидат самоодржливи е она што како општество, треба да обезбедиме, доколку сакаме младите да ни останат во земјава, истакна претседателката на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ Моника Зајкова, при денешната посета на Охрид. Таа денес направи увид во изградбата на голф терените, проект за кој од Министерството за локална самоуправа се издвоени речиси шест милиони денари.

„Денеска сме тука и во посета на она што ќе значи можност за развој на туризмот, да направиме увид во повеќе активности. Што се случува со изградбата на голф терените за коишто е издвоена сума од 5.7 милиони денари од Министерството за локална самоуправа. Вчера го посетивме центарот на ПСС, кој функционира со средства од прекуграничните проекти кои се спроведуваат во соработка со ЕУ и министерствата. За да ги задржиме тука граѓаните мора и ние самите да дададеме инпут, и да обезбедиме функционален систем, во кој ќе се цени квалитетот, а не кого познавате.“ – истакна Зајкова.

Што се однесува до најктуелната тема во јавноста деновиве, дебатата во собранието во врска уставните промени, Зајкова посочи дека уставните измени треба да се случат, бидејќи за прв пат имаме конкретен предлог и дека недозволиво е да ја пропуштиме оваа шанса.

„Не смее да дозволиме сега да останеме единствена земја од регионов која не преговара. Србија е во тек на преговри, Црна Гора преговара. Македонија мора да ги започне преговорите, да не ни се случи сите земји пред нас да преговараат и понатаму да добиеме многу полоши условувања од она што го имаме сега.“ – кажа Зајкова.

Од Либерално демократска партија прават напори и за Предлог законот за изменување и дополнување на кривичниот законик. Основна цел на оваа  активност се однесува на застарувањето на делата за злоупотреба на службена должност и овластување, кои често во праксата гледаме дека застаруваат, истакна Зајкова.

„Тоа не смее повеќе да се дозволи. Бидејќи сме сведоци на тоа како функционира правосудниот систем и колку е ниска довербата во него. Не може од една страна делата од висока корупција да ни застаруваат, а од друга страна граѓаните да не може да решат еден имотно-правен спор повеќе од 20 години и еден спор да трае повеќе од животниот век на граѓанинот.“ – подвлече претседателката на ЛДП.

ЛДП, заедно со Левица, поднесоа до Собранието Предлог Закон за платежни услуги и платежни системи, чијашто основна цел ќе биде зајакнување на правата на потрошувачите, за нивно информирање од страна на давателите на платежни услуги, за условите за користење на услугите.

„Ќе се овозможи да се намалат, а во дел и да се укинат провизиите и трошоците, коишто граѓаните ги имаат во банките, како трошоци за подигнување на кредит, провизиите кои банките ги наплаќаат за одржување на сметките, за вадење на пари од еден во друг банкомат, за проверка на сметка во банкомат, бидејќи видовме колкави профити се остварија за време на пандемијата од страна на банкарскиот сектор.“ – истакна Зајкова.

Платежните услуги и платните системи во моментов се уредени со Закон за платежни услуги и платни системи кој стапи на сила во јануари годинава, а со кој според гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска  се отвора пазарот за нови даватели на платежни услуги и се прошируваат услугите што ќе се нудат, но исто така измените на овој закон се проследени и со соодветни регулативни барања заради заштита на потрошувачите.