Skip to main content

Закажана дваесеттата седница на Совет

Градските советници на седницата која што е закажана за вторник 11 март ќе ги разгледуваат извештаите за работењето на Јавните претпријатија, општинските основни и средни училишта а се очекува да биде донесена Годишната програма за поставување урбана опрена за 2104.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

sednicaДваесеттата седница на Советот на општина Охрид закажана е за вторник 11 март. На дневен ред предложени се вкупно 56 точки. Предлог одлуките за усвојување на извештаите од работењето на одделението за даноци, комунални такси, противпожарната единица, секторот за спорт млади, невладини организации, како и реализација на програмите за развој на заштита на животната средина, локалниот еконмски развој, потикнување на развој на туризмот и др, за минатата година, се меѓу првите дваесеттина точки. Исто така на усвојување се и предлог одлуките на извештаите од  работење на јавните претпријатија а меѓу другото треба да се усвојуваат и предлог одлуките за извештаите од финансиското работење на детската градинка, основните и средните училишта. На дневен ред на дваесеттата седница на Советот на општина Охрид се најде и предлог одлуката за збратимување на Охрид со рускиот град Подољск од Московска област, а исто така и предлог одлуката за заедничко организирање на јавен и општински линиски превоз на патници, предлог одлуката за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 и др.

{loadposition content9}