Закажана дваесет и седмата седница на Советот на општина Охрид
На дневен ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат извештаите за реализација на програмите за равој на туризам, локален економски развој, изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и друго.
На дневен ред на ова издание на седницата на советот, ќе се најдат извештаите за реализација на програмите за равој на туризам, локален економски развој, изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и друго. Градските советници ќе треба да ја одобрат одлуката за распределба на добивката од работењето на МЈП Проаква Струга, а треба да се усвои и финансискиот извештај на јавното претпријатие.
Пред крајот на овој месец ќе се одржи најновото дваесет и седмо по ред издание на седницата на Советот на Општина Охрид. Дневниот ред обремент со 45 точки од кои најголем дел се однесуваат на програмите за равој на туризам, локален економски развој, изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, потоа извештаите за реализација на програмите за спортски и културни манифестации и друго.
Пред градските избраницит треба да се најдат и предлог одлуките за усвојување на извештаите за работењето на јавните претпријатија во првиот квартал од годината, а треба да се именуваат и член и преседател на комисијата за јавни и комунални дејности и комисијата за финансии и буџет.
Советниците ќе треба да одлучат и во врска со предлог-одлуката за давање согласност на статутарната одлуката за измени и дополнување на Статутот на градинката „Јасна Ристеска“ од Охрид, предлог-одлуката за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2019 година, предлог-одлуката за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште за периодот од 01.01. до 31.03.2019 година и предлог-одлуката за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид.
Седницата е закажана за четврток 30ти мај со почеток во 11 часот во големата сала на општината.