Законот за јавни службеници ги раскара синдикалците во ОУ „Григор Прличев“
Петре Тасески, претседателот на синдикалната организација во ОУ „Григор Прличев“ разрешен од неговите колеги.
Петре Тасески, претседателот на синдикалната организација во ОУ „Григор Прличев“ разрешен од неговите колеги. На уредно свикан состанок, во обид Тасески да ги информира колегите за примената на Законот за јавни службеници, тој е отповикан од синдикалната функција. Според претседателот на Регионалниот одбор на Сонк, Аце Речкоски, таа постапка и со именувањето на нов претседател на основната синдикална организација, во ОУ „Григор Прличев“ грубо е прекршен статутот на Синдикатот за образование, наука и култура.За новонастанатите синдикални состојби во образованието, зборува претседателот на Регионалниот одбор на Сонк, Речкоски.„ На состанокот бев уредно повикан, но бев најгрубо отстранет, а Тасески нестатутарно и во спротивност со одредбите од Стаутот беше разрешен. На негово место за нов претседател на синдикалната организација е именувана Силвија Мојсоска“.
Најновите синдикални случувања во основното училиште „Григор Прличев“ се причина да се одржи вонреден состанок на СОНК. Речкоски кажува дека во Охрид пристигнало највисокото раководство на СОНК, претседателот Јаким Неделков, генералниот секретар Весна Неделкоска и почесниот член Дојчин Цветаноски. Тие најостро ја осудиле постапката кон претседателот Тасески, која е спротивна на синдикалната организација и единството, вели Речкоски. Според него, проблемите настанале од моментот на задолжително применување на Законот за јавни службеници, усвоен пред една година. „Во Република Македонија се спроведува Законот за јавни службеници, кој е едногласно донесен од СОНК, како многу поволен за просветните работници. Со Законот им е загарантирана платата и работното место на просветните работници, но не знам зошто се одрази негативно во синдикалнат органзаиција на основното училиште „Григор Прличев“.
На вонредниот состанок раководството на СОНК донесе заклучоци според кои претседателот Петре Тасески и понатака е легитимен претседател на синдикалната органзиација во ОУ Григор Прличев, а ако не се смират превирањата највисокото раководство на СОНК ќе ја алармира и меѓународната синдикална организација, децидно нагласува Речкоски.
{loadposition content9}