Skip to main content

Законот за јавна чистота во Охрид

Три месеци од воведувањето на законот за јавна чистота, Охрид заличува на пристојно место за живеење.

 |  Ристе Јакимовски  | 
gubre
ѓубре
Три месеци од воведувањето на законот за јавна чистота, Охрид заличува на пристојно место за живеење.

Улиците, кои беа предмет на критики од секој турист и посетител, денеска се за нијанса почисти .Во спроведената анкета дел од анкетираните дадоа позитивни критики.

Од еколошкото друштво ГРАШНИЦА  потенцираат дека генерално се задоволни од досегашните резултати. Тие се  на терен секојдневно ја пратат ситуацијата и делуваат на зголемување на свеста кај граѓаните. Како успешен пример од друштвото ја посочија Холандија каде само ригорозната казна донесла резултати. Со воведувањето на овој закон целосната ситуација се подобрува, но и тоа дека сеуште постои простор за средување на целосната слика за градот, истакнуваат од друштвото.
Ѓоко Зороски – заменик директорот на ЕД ГРАШНИЦА
нагласи дека неселективната примена на законот ќе допринесе за повисока свес кај граѓаните.
 
covek Според  јавното мислење дел од проблемот е малиот број на поставени корпи.Директорот на ЈП Комуналец изјави дека општината треба да утврди каде да се постават корпите и јавните тоалети. За тоа наскоро треба да се одржи општинска седница каде ќе се усвои програма каде и колку корпи и контејнери ќе се постават. Со моменталната ситуација со чистотата била задоволна и државната контрола кој пред две недели го посетила нашиот град. Сепак првиот човек на комуналец тврди дека не е се идеално. Покрај несовесноста на дел од граѓаните кои својот домашен отпад го фрлаат во јавните корпи, несериознос има и во општинскиот инспекторат.

Од општина охрид тврдат дека се работи со зголемена динамика во однос на решавање на прашањата кои се од јавен интерес. До крајот на месецов се очекува да се ангажираат редари кои ќе превземат некои од активностите на полицијата. Досега СВР Охрид во периодот од 20.09. до 03.12.поднесенела 533 прекршочни пријави. Кога ќе се преболат детските болести на фрлање отпад по улица, ќе треба да се осврнеме на уште еден сегмент од јавната чистота, како што се каливите тротоари, валкани фасади на згради, залепени постери по градското зеленило и вирчиња со вода по сообраќајниците.

 

 

{loadposition content9}