Законската обврска кон архивите, без финансиски трошоци за фирмите и со дополнителни советувања
Сите фирми кои во своето работење создаваат документација, според Законот за архивски материјали, мораа до крајот на минатиот месец до одделението на Државниот архив во Охрид, да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали.
Сите фирми кои во своето работење создаваат документација, според Законот за архивски материјали, мораа до крајот на минатиот месец до одделението на Државниот архив во Охрид, да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали.
Законската обврска на фирмите до крајот на месец ноември до подрачните одделенија на државниот архив да достават План на архивски знаци и листи на архивски и документарни материјали, крена многу врева во јавноста. Се поставија многу прашања, од тоа зошто се чекале последните денови, дали треба документацијата која произлегува од работењето на фирмите да се доставува до архивите и дали се тоа ќе се плаќа. Па да почнеме со ред.
Планот на архивски знаци е шифрирана шема на документите кои треба да се заведуваат во деловодната книга, на ниво на Македонија, под иста шифра или список на сите документи кои можат да произлезат од една фирма или една институција. Никола Митровиќ, архивист и историчар од одделението на Државниот архив од Охрид објасни дека тоа што фирмите треба да ги достават овие документи до охридскиот архив, не значи дека ќе треба својата документација да ја носат во охридскиот архив на чување. Митровиќ потенцира и дека фирмите исто така нема да бидат подложени на дополнителни финансиски издатоци.
„Не би гледал никаков финансиски терет освен тоа дека треба да се купи деловодна книга и да се запишуваат, нема екстра трошоци, Државниот архив воопшто не наплаќа за прием, и не станува збор за никакви парични вредности кои би се на товар на фирмите“ објаснува архивистот.
Инаку фирмите ќе ги доставуваат архивските материјали кои произлегуваат од нивната дејност во одделението на државниот архив, само кога ќе истече законскиот рок за чување на тие архивски материјали. Кога станува збор за материјалите од охридските фирми кои веќе пристигнале во архивот, Митровиќ каже дека неопходно е да се спроведат бесплатни советувања се со цел да се зголеми информираноста за спроведување на оваа законска обврска.
„Сметам и инсистирам на тоа да има советувања веќе и самите сметководители кои ги водат повеќе од фирмите во подрачното одделение во Охрид сметаат и бараат да има едно такво советување. Но додека стигне едно такво советување многу е битно секој да го има Законот за архивски материјал, упатството за канцелариско и архивско работење и уредбата за канцелариско и архивско работење кои можат да ги најдат на интернет“ додава Митровиќ.
Иако останува мистерија која е причината за испочитување на законскиот рок во последен момент, спроведувањето на оваа обврска ќе биде олеснување за сите фирми бидејќи ќе имаат информација кои документи им се влезни, кои им се излезни во текот на една година, а исто така ќе се олесни и работата на одделението на државниот архив бидејќи ќе имаат пристап и преглед на документите кои се заведуваат во приватните фирмиte.
{loadposition content9}