„И ти имаш право да ги знаеш биолошките родители”, посвоените лица бараат промени во законот

За илјадници посвоени лица, информацијата за сопственото потекло останува затворена во институционалните архиви. Тие бараат да им се овозможи пристап до документацијата за нивното раѓање и посвојување.
Иницијативата „И ти имаш право да ги знаеш биолошките родители” бара промени во Законот за семејството, а, кој според нив го ограничува ова право. Неведуваат дека околу 90 илјади посвоени лица од бивша Југославија трагаат по своите.

„Ова е горлив проблем, болна тема за посвоените кои трагаат по вистинските биолошки родители. За жал, живееме во лага. Член 123-а донесен пред 23 години го кочи нашето право да знаеме кои се нашите биолошки родители. Секој кој е посвоен нема право на увид во документацијата на нашите биолошки родители. Бараме членот 123-а да не постои.” – вели Илија Јовановиќ од „ Градиме иднина”.
Иницијативата отвора и многу посериозно прашање – случаи на новороденчиња за кои семејствата тврдат дека биле евидентирани како починати, а потоа исчезнале од нивните животи без одговори и документација.

„Решен случај во Србија ги отвора вратите за сите на просторот на поранешна Југославија. Мора да овозможиме и родителите и децата да дојдат до својата вистина, бидејќи живеевме заедно и бевме една држава.”- велиРадиша Павловиќ, Србија Државната комисија за собирање факти за статусот на новороденчињата.
Од Словенија, пак, посочуваат дека и покрај членството во Европската Унија, посвоените лица таму сè уште се борат за пристап до сопственото биолошко потекло.

„Во Словенија, која е во Европската Унија, децата немаат право да дознаат кои се нивните биолошки родители. Ние се бориме против тоа. Утврдивме дека многу деца од Македонија биле нелегално посвоени во Словенија. Тие деца трагаат по своите мајки.”-вели Симона Шермендклан, Словенија: претседателка на здружението од Словенија.
Од иницијативата велат дека на средбата со Министерството за труд и социјална политика во земјава добиле уверување дека ќе биде формирана комисија која ќе ги разгледува предложените законски измени.
Соња Рилковска



