Skip to main content

Заматената вода во градскиот базен исправна за капење

Водата во градскиот базен на СРЦ Билјанини извори се замати и позелени, реагираат родителите и стравуваат за  здравјето на децата кои го користат базенот „Атина Бојаџи“.

 |  Валентина Неловска  | 
bazen
bazen

Водата во градскиот базен на СРЦ Билјанини извори се замати и позелени, реагираат родителите и стравуваат за  здравјето на децата кои го користат базенот „Атина Бојаџи“. Загрижени се дали водата редовно се хлорира и дали квалитетот на водата за капење е  нарушен.  Раководителот на градскиот базен, Борче Џајкоски упатува смирувачки тон дека водата е хемиски чиста и  редовно се хлорира.

bazen„ На 10-тина дена доаѓаат од Центарот за јавно здравство земаат примероци и ни испраќаат одговор каков  е квалитетот на водата. Досега нема негативен одговор“, вели Џајкоски.  

Професор Соња Думбалова Делова  тренер во пливачката школа појаснува дека заматеноста на водата и појавата на алга се резултат на високата  температура на воздухот.  Професорката која има 4 децениско искуство  како тренер и долго време е присутна  на базените појаснува дека алгата не е штетна за здравјето.

„Водата е чиста и исправна, нема место за паника. Сето тоа што се случува во базенот е од природата, алгата ја има не само во базените туку и во езерото и морињата“.

И од Ценатрот за јавно здравје потврдуваат дека во градскиот базен и во сите базени во охридските хотели водата за капење е исправна.

„Сите води во базените вклучувајќи ги и двата градски се  проверуваат и имаат одличен квалитет од 1 степен и може да се употребуваат за капење“, информира д-р Михаилов.

Од СРЦ Билјанини Извори, градски базен „Атина Бојаџи“ се отворени  за соработка со родителите и за одговор на сите прашања  поврзани со  квалитетот на водата за капење .

{loadposition content9}