Skip to main content

Општа болница Охрид

Заменик министерката за здравство во работна посета на Општа Болница Охрид

Д-р Маја Манолева, разговараше со раководството за набавка на нова медицинска опрема,подобрување на здравствената услуга и квалитет, за надополнување на медицински кадар и праќања нови 10 доктори на специјализација до крајот на годината.
 |  инфодеск  | 

Заменик Министерката за здравство, д-р Маја Манолева денес беше во работна посета на Општа Болница Охрид.

Во рамки на денешната работна посета на оваа установа, заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, разговараше со раководството за набавка на нова медицинска опрема,подобрување на здравствената услуга и квалитет, за надополнување на медицински кадар со нови вработувања и праќања нови 10 доктори на специјализација до крајот на годината.

По две години е одблокирана сметката на Општата болница во Охрид што е резултат на домаќинското работење и финансиската поддршка од Фондот за здравство и Министерство за здравство.

Во изминатите 8 месеци во болницата се вработени 32 лица од кои најголемиот број се медицински кадар, меѓу кои се 10 лекари, што треба да придонесе за зголемување на квалитетот на услугите.

“После подолг временски период од Општа болница Охрид се испратија 9 нови доктори на специјализација. Со ова почнуваме да правиме планско пополнување на одделенијата со дефицитарни специјалисти доктори, како што е педијатрија, анестезиологија, инфектологија и ќе продолжиме со праќање на нови доктори на специјализација“, истакна директорот на болницата, д-р Шајн.

Долгот е намален за околу 1 милион евра и ќе се потрудиме во периодот што претстои да се сервисира и останатиот дел.