Земјотрес од Албанија почувствуван и во Охрид
Земјотрес од Албанија почувствуван и во Охрид

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово во 07:52 часот беше регистриран на територијата на Албанија, а потресот беше почувствуван и во Охрид, како и во делови од југозападна Македонија.
Според првичните информации од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот се наоѓал во близина на Елбасан, на релативно мала длабочина, што придонело потресот да биде почувствуван во поширокиот регион.







