Skip to main content

Владина одлука

Замрзна цената на лебот

На пекарите им се укинува субвенцијата за електричната енергија. Намерата е да не дозволиме едни да плаќаат, а други да се богатат , кажа премиерот Димитар Ковачески. Иако производителите добиваа субвенција за електрична енергија, цените на производите не ги намалија или ги намалија незначително, кажа на денешната прес конференција премиерот.
 |  Валентина Неловска  | 
леб

Владата пресече за цената на лебот. Белиот и полубелот леб со тежина од 450 грам ќе се продаваат по фиксирана цена од 33 денари од утре до 31 мај. Иако, производителите добиваа субвенција за електрична енергија, цените на производите не ги намалија или ги намалија незначително. Крајната цел на субвенцијата, како што нагласи премиерот Димитар Ковачески, беше да се овозможи пониска цена на производите за граѓаните, па од тука мерката се укинува. Намерата е да не дозволиме едни да плаќаат, а други да се богатат , кажа премиерот. Нема да дозволам неоправдано покачување на цените по извршените проверки од Државниот пазарен инспекторат. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени продукти, дел намалија од 7-12 проценти. Затоа денес ја укинавме оваа мерка. Ќе се снабдуваат со струја согласно Законот за енергетика.

2 brown bread on black table

Антикризните мерки во глобална криза не ги донесовме за едни да бидат поповластени од други.Eдни да плаќаат други да се богатат и да удрат по џебот на штета на граѓаните за бенефит на поединци. Дел од мерките насочени кон компаниите беа со цел да им се помогне на граѓаните“, рече премиерот Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши објасни колкави се цените на горивата, струјата, брашното, којшто влијаат на формирањето на цената на лебот. Според него, максималната цена за 450 грама на бел леб треба да биде 32 денари. Бектеши додаде дека во одредени градови има цени и пониски од 32 денари.

Согласно извештаите на ДПИ во градови во земјава има и пониски цени од 32 денари . Цените на белиот и полубелиот леб во земјава се движат од 28 до 45 денари во зависност од производителот. Ако е костатирано дека имаме различни цени во широката палета на производи, во само во овие два вида лебови, ние мислиме не е во ред. И она што е поддржано од владата да се врати на граѓаните на потрошувачите“, кажа министерот Бектеши.

леб

Тој ги повика пекарите да разговараат за да се најде соодветно решение преку одржливи одлуки и да има добитно решение за граѓаните и за производителите. Министерот напомена дека производителите мора да ги почитуваат занонските одредби во државата за што се грижат Државниот пазарен инспекторат, Комисијата за заштита на конкутентноста и Организацијата на потрошувачи.
Пекарите вчера упатија закана дека ќе престанат да произведуваат леб по излегување на одлуката за замрзнување на цената на лебот во „Службен весник“. Пекарско-мелничарската индустрија смета замрзнувањето на цената на 33 денари води кон затворање на компаниите затоа што сите веќе бележат загуби.
Охридските пекари немаат конкретен став дали ќе престанат со производство на леб. Загрижени од најавите ја чекаа конечнатат одлука на Владата по што ќе донесат решение дали ќе произведуваат леб на пазарот.