Skip to main content

Туристичка индустрија

Замрзнувањето на цените на прехранбените производи ќе има импликации и врз туристичко угостителскиот сектор

Замрзнувањето на цените може да доведе до стабилизација на цените или некаде и до намалување на цените на угостителските услуги, смета научната фела. Во најголем дел замрзнувањето на цените најмногу ќе влијае врз семејниот буџет на граѓаните.
 |  инфодеск  | 
Хотел Дрим

Замрзнувањето на цените на дел од прехранбените производи ќе се одразат позитивно и во туристичката индустрија. Според научната фела тоа ќе доведе до замрзнување или евентуално намалување на цените во туристичкиот и угостителскиот сектор. Овој инструмент ќе ги намали социјалните тензии предизвикани од инфлацијата и економската криза.

Во областа на туризмот нивниот одраз ќе биде насочен во еден сегмент кој ќе го опфати угостителството. Така што угостителството ќе може на некој начин да има придобивки во смисла на тоа дека поевтините производи подобро ќе се одразат врз она што ние го нарекуваме угостителство од социјален тип – вели професорот Науме Мариноски.

Прехранбени производи

Според професорот Мариноски, секако замрзнувањето на цените на прехранбените производи повеќе има социјален карактер и нема да предизивка промени на цените во ексклузивните угостителски објекти.

Тие во еден дел ќе можат само да го стабилизираат трендот на покачување на цените во туризмот, воопшто како дејност. А не само угостителството. Меѓутоа нивниот одраз не може да биде таков да целосно ги санира последиците од кризата кои се евидентни, не само во нашата држава туку и надвор од неа – додава Мариноски.

Хотел

Замрзнувањето на цените на дел од основните прехранбени производи е времена мерка и најмногу ќе влијае на семејниот буџет. На крајот на февруари, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажаа дека дел од компаниите не ги намалиле цените соодветно иако користеле субвенционирана електрична енергија.

Леб
Охрид

Новинар : Соња Рилковска