Skip to main content

Занаетчиите, калфите и Законот за образование

Поголемиот број од занаетчиите се судираат со законскa пречкa која ги оневозможува да примаат ученици да учат занает.

 |  Валентина Неловска  | 
cevlar
cevlar

Поголемиот број од занаетчиите се судираат со законскa пречкa која ги оневозможува да примаат ученици  да учат занает.  Во моментов само козметичарите, фризерите, автомеханичарите, електричарите или струките кои се опфатени во средното стручно образование може да добијат дипломи за одреден занает. Со вакви одредби од  Законот за образование  останатите занаетчии се ставени  во ситуација учениците да ги вработуваат, вели Сашо Богоески, претседател на регионалната занаетчиска комора.

„ Ние занаетчиите, калфите мора да ги пријавуваме како вработени лица. Учeник не може да биде вработен затоа што е ученик кој дошол да учи, а друго е да работи и да е вработен. Прво треба да го изучи занаетот па дали ќе остане како вработен кај занаетчијата или ќе отвори свој дуќан е негов избор“, кажува Богоески.
 
carsijaУченикот или калфата прво треба да го изучи занаетот па потоа  да се ангажира како мајстор или самостојно да работи, вели Богоески. Наша заложба е да се најде решение  за  таа ситуација и во иднина да се промени, нагласува Богоески. Предлагаме секој занаетчија со 5 години искуство да има право на ученик. Ученикот по две годишната обука да стекне  право на полагање.
 
„ Под категоријата ученик подразбирам и повозрасни луѓе кои останале без работа, а  се на терет на државата. Агенцијата за вработување би се  растеретила, а луѓето и би ја искористиле можноста да научат некој занает.“  

Оваа состојба во занаетчиството не е карактеристична само за нашата земја туку и за останатите Балкански земји, напоменува Богоески. На пазарот на трудот има недостиг од образовани занаетчии. Министерството за економија бара мислење од занетчиската комора како да се надмине овој проблем. Има неколку предлози, меѓу кои и можноста по тригодишната практична настава кај занаетчија ученикот калфа  да може да се стекне со диплома мајстор.

{loadposition content9}