Занаетчиите може да здивнат
40-тина занаетчии од 180 -те регистрирани присуствуваа на вчера одржаниот состанок на Регионалната комора.
40-тина занаетчии од 180 -те регистрирани присуствуваа на вчера одржаниот состанок на Регионалната комора. Од прва рака добија информации како да дојдат до неколку финансиски олеснувања. Сега имаат можност од својот буџет да издвојуваат помалку пари за книговодствените услуги, напоменува Сашо Богоески, претседател на регионалната комора.
„ Најолеснителен дел е пакетoт услуги од 200 денари месечно за книговодствените услуги и 150 денари месечна чланарина. Во минатото занетчиите плаќале 1500 денари месечно на име на оваа услуга и 2000 денари за завршна сметка. За прв пат од кога постои комората им е е дадена можност да искористат ваква поволна услуга“, појаснува Богоески.
Покрај оваа бенефиција занаетчиите кои редовно ги подмируваат своите обврски кон Комората ќе имаат уште една голема финансиска придобивка.
Средствата кои занаетчиите ги плаќаа за фирмарина во даночното одделение при Локалната самоуправа, исто така драстично се намалуваат, како и оние за книговодствените услуги.
„Во даночното одделение при Локалната самоуправа занаетчиите досега плаќале 2000 денари годишно за фирмарина, а сега и тука ќе плаќаат дури 1500 денари помалку или само 500 денари годишно. За ова олеснување постапката која треба да ја направат занаетчиите ќе ја добијат во регионалната Комора“, вели Богоески.
Регионалната комора ги информираше занаетчиите од сите 8 секции дека проектот „Македонски автентични ракотворби“ ќе продолжи и во месец ноември. Исто така, го потенцираа и ставот на Управниот одбор на Комората дека ќе настојуваат занаетчиите да го почуствуваат бенефитот од нивната работа, па дури потоа да ја наплатат ланската заостаната чланарина која е законска обврска на секој занаетчија кој е дел од Комората.
{loadposition content9}