Skip to main content

Занаетчиите на удар од нелојалните конкуренти

Несоодветни простории се адаптираат и се работи нелегално скоро во сите дејности.

 |  Валентина Неловска  | 
salon
salon

Несоодветни простории се адаптираат и се работи нелегално скоро во сите дејности.  Подруми, шупи, детски соби и спални се претвораат во механичарски и работилници за тапацирање, во козметичарски и фризерски салони, во кондураџиски и резбарски работилници без дозвола за легална дејност. Луѓето масовно, како знаат и умеат,  се снаоѓаат  и се справуваат со економската криза при тоа уривајќи ја цената на трудот на оние кои за сличните  услуги плаќаат високи давачки и даноци кон државата, реагираат уредно регистрираните занаетчии.

„Сфаќаме дека секој треба да живее ама нека земат диплома, нека обезбедат услови за работа и нека се регистрираат, имаат поволности“, напоменува  Сузана Наумоска од козметичкото студио „Изида“.   
biseri
Бројот на нелојалните конкуренти од сите области не може да се одреди со точност.  Но, без ригорозни казни не верувам дека ќе има ефикасно справување со оваа појава. Ваквата појава се повеќе ја загрозува езистенцијата на занаетчиите, додава Наумоска.

„Подлежиме на инспекциски служби, даноци, вработување, не можеме ни чирак да задржиме, нема никаква регулатива ако задржиме мора да го вработиме. Има големи проблеми и за нас и за граѓаните, за да се стабилизира ситуацијата треба доста да се работи на овој сегмент“, посочува Наумоска.


Од Регионалната Комора на занаетчиите ја потврдуваат ваквата состојба која им задава главоболка  на голем број занаетчии од сите дејности.  Една од целите на комората е да ги штити интересите на занаетчиите членови. Нивна обврска е да се бори и против нелојалната конкуренција, нагласува Сашо Богоески, претседател на регионалната комора. Богоески кажува дека веќе презеле конкретни чекори. Потпишале договор за соработка со државниот пазарен инспекторат во борбата против нелојалната конкуренција, одржале и средба со секцијата на козметичари,  а презел и конкретни мерки. Паднале и опомени за неколку тапетари, столари и механичари кои работеле на „диво“.   

„ Ние донесовме одлука прво да ги опомениме нерегистрираните занаетчии, да им дадеме рок да регистрираат фирми, па потоа сме должни да ги пријавиме во државниот пазарен инспекторат, кажува Богоески.

Раководителот на државната пазарна инспекција Ѓорѓи Бошалески нагласува дека тие континуирано вршат контроли за занаетчиските дејности. Оние кои ќе се затекнат како нерегистрирани не се толерираат се казнуваат и треба да се регистрираат како занаетчии или Доели.
Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека се отворени за соработка со граѓаните и со регистрираните занаетчии за нивни преставки.

{loadposition content9}