Занаетчиите се почесто со блокирани жиро сметки
Охридските занаетчии се потешко се справуваат со економската криза.
Охридските занаетчии се потешко се справуваат со економската криза. Скоро една третина од 180-те регистрирани занаетчии работат со блокирани жиро сметки. Сепак бројот на ново регистрирани занаетчии е во пораст. Во моментов најчесто во занаетчиските дејности се регистрираат лица кои се без работа и користат грантови за занаетчиски дејности од УНДП и од Агенцијата за вработување. Она што во моментов изненадува е податокот што за шест месеци само двајца регистрирани занаетчии од Охрид се пријавиле да користат субвенции за македонски уметнички творби. Средствата во висина од 5000 евра за 28 занаетчиски дејности ккао поддршка ги дава Министерството за економија. Претседателот на регионалната занаетчиска комора, Сашо Богоески очекува поинаква слика по завршувањето на јавната објава која завршува на крај од месец ноември.
„ Најверојатно го чекаат крајот на проектот. Очекувам во ноември да аплицираат повеќе занаетчии од дејностите изработка на предмети од бакар и дрво, икони, ковано железо, резба, филигран и разни други изработки на уметнички предмети да аплицираат до крајот на ноември“.
За подобрување на статусот на занаетчиите како и потикнување на невработени лица да најдат егзистенција во занаетчиството, од комората до ресорното министерство, предложиле бројни антикризни мерки. Побарале од Министерството за економија олеснителни мерки за ново регистрираните занетчии ккао што се ослободување од плаќање на даноци и персонален данок, намаување на фирмарината како и почитување на нивното законско право да не плаќаат радиодифузна такса, кажува Богоески.
„ Ние поднесовме жалба до Министерството за финансии на 2 мај, а одговор добивме на 20 август. Во одговорот е наведено дека комората не може да се жали во името на занетчиите туку занаетчиите треба да дадат полномошно доколку сакаат да се жалат за плаќањето на радиодифузната такса“, напоменува Богоески.
Регионалната занетчиска комора на крајот од месецов ќе има состанок со охридските занетчии. На средбата ќе им бидат преставени бројни пакети на услуги и информации корисни за нивната работа, напоменува Богоески.
{loadposition content9}