Skip to main content

Запирање на сите проекти во НП Галичица стои во заклучокот Монитринг мисијата на Унеско

Запирање на сите проекти во НП Галичица стои  во заклучокот Монитринг мисијата на Унеско.

 |  Валентина Неловска  | 

Стоп за сите проекти во НП Галичица предлози на поранешната влада, препорачува во заклучокот Монитринг мисијата на Унеско.
Состојбата со Охрид е оценета како сè поранлива во новиот извештај на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) за степенот на зачуваност во подрачјата прогласени за светски наследства. Како главна причина за можната деградација се наведени предвидените инфраструктурни проекти а посебно експресниот пат Охрид Св Наум и ски центарот на Галичица.


„ Она за што е дадена препораката е овие деструктивни проекти особено за ски центарот и патот да се напушпата истопираат засекогаш , а во однос за предлозите за развој на туризмот да се развијат нови опции коиќе имаат одржлив еко туризам и на тој начин би се развил целиот регион“, информира Александра Бујароска од НВО Фронт 24/41

Мисијата, која ја посети Македонија, изразила загриженост за притисокот од зголемениот сообраќај, туризам и несоодветните инфраструктурни проекти, како развојот ски-центарот Галичица и експресниот пат кој е планиран да поминува низ таа територија.
Предлчагат да се спроведе соодветна заштита и да се усвои менаџерски план и да се предвидат активности за развој на еко туризам наместо штетни проекти, цитира дел од заклучоците Бујароска.


„Рок за исполнување на барањата на Мисијата на Унеско е до 2019 година. Ако нема напредок на она што е побарано од РМ, Мисијата смета дека ќе се исполнат критериумите за ставање на подрачјето на листа на загрозени подрчја“, вели Бујароска.

Од еколошкото граѓанско здружение „Фронт 21/42“ повеќе од три години се борат против одлуката за промена на зоните на заштита во Националниот парк Галичица.

Никола Бакрачески, градоначалникот на заминување сеуште не го добил денешниот заклучок на Мониторинг мисијата на Унеско.

„ Свесни сме дека за ризиците кои можат да настанат при изведување на секој проект.Тие се од државно значење не се проекти под ЛС. Секоагш ќе се најдат коментари во прилог за и против. Такви дебати има и во останатите подрачја кои се заштитени под Унеско. Програмите за развој на населението на една таква заедница зависат од балансот на потребеите за развој на анселенеито и на зачувување на природното и културното наследство“
Г
радоначалникот укажува на потребата од рамнотежа меѓу потребите на населението и зачувувањето на природното и култруното налседтво. Повеќе коментар ќе има по увидот во заклучоците на Мониторин мисјата на Унеско.