Skip to main content

Приведено лице од албанија

Запленети 177 парчиња охридска белвица

Запленети 177 парчиња охридска белвица, приведено лице од Република Албанија, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

Денеска по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св. Наум“ привеле 53 годишен државјанин на Република Албанија.

При контрола во патничко возило „фолксваген туран”, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Македонија кон Албанија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.