Skip to main content

Запленети и уништени 366 кг месо и преработки во угостителски објект во Охрид

За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице.
 |  инфодеск  | 
meso

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) , при спроведен редовен надзор на осумнаесетти овој месец во Охрид, од угостителски објект запленија и нештетно уништија небезбедна храна  (месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми. 

Со контролата, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна, информираат од АХВ.

За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата висина на парична казна.