Skip to main content

Започнаа чествувањата по повод патронатот Св. Климент Охридски

Од денес започнаа чествувањата по повод патронот на градот  Св. Климент Охридски.

 |  Валентина Неловска  | 
tocak
tocak

Од денес започнаа чествувањата по повод патронатот на градот  Св. Клиемнт Охридски. Средното општинско училиште кое го носи името на патронот на градот организира бројни активности. Вечерва учениците од гимназијата во Центарот за култура со почеток во 20 часот ќе одржат  хуманитарен музички концерт.  Хуманитарен карактер ќе има и спортскиот настан  кој ќе се одржи во петок во 13 часот, напоменува директорот  на средното училиште,  Наум Рилкоски, а потсетува и на други бројни активности.

„ Спортскиот настан  „Со велосипед до похуман свет“ има хуманитарен карактер, а ќе стартува в петок, во 13 часот од дворот на  гимназијата, а завршниот дел од нашата програма е в сабота, во 12 часот со свеченото отварање на поткровјето и промовирањето на Монографијата за охридската гимназија, од Проф д-р Павле Митрески“.
velosiped
За спортско-хуманитарниот настан „ Со велосипед до похуман свет“ кој е во организација на активот по спорт веќе започнаа да се продаваат билети. Собраните средстсва ќе се донираат во хумани цели заедно со средствата донирани од музичкиот концерт. Имаме поддршка од велосипедските клубови „Екодром“ и „З`ш точак“, како  и од ОО на Црвениот крст. Се очекува масовен одзив од средношколците, но и од професорите и граѓаните, потенцира проф. Кате Бујароска.   

„ Целта на оваа спортска-хуманитарна активност на прво место ја има прославата на патронатот, но и промовирањето на спортско-рекреативен начин на живот. Но, да се покаже и нашата хуманост средствата кои ќе бидат собрани од манифестацијата ќе се донираат за лекување на наш ученик од нашето училиште“.    

Следуваат и други бројни активности по повод чествувањето на патронатот Св. Климент Охридски во организација на средното училиште. Економистите ќе одржат промоција на проект „Како да успееме“. Следува ликовна изложба на ученици, а ќе бидат врачени награди од конкурсот за избор на најдобри литературни, ликовни и музички творби. В сабота, пак во заедничка организација со општина Охрид ќе биде одржана свечената академија од трилогијата „Модерна Македонија“, под наслов „Ти златно сонце“.

{loadposition content9}