Започна лекувањето на Сара во Германија
Благодарение на хуманоста на сите граѓани младата Сара Настеска го започна лекувањето во специјализираната детска клиника во Германија, каде треба да и биде пресадена коскена срж, официјално објави нејзиното семејство.
„Благодарение на хуманоста на сите граѓани младата Сара Настеска го започна лекувањето во специјализираната детска клиника во Германија, каде треба да и биде пресадена коскена срж“, официјално објави нејзиното семејство.
„Благодарение на Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.“
„Веќе од вчера, 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.“
„Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.Дозволете ни да започнеме, а потоа да ве известуваме за лекувањето.“
Операцијата чини 200.000 евра, а клиниката прифатила да започне лекувањето без оглед што не се уплатени сите средства.
Вечно благодарни, од срце,
семејство Настески