Започна масовната имунизација на населението против Ковид 19 во регионалниот центар во Охрид
Рано утринава започна масовната вакцинација на населението во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“. Според термините денес планирано е да се вакцинираат околу илјада и двеста граѓани. Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување.
Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ започна масовната вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.
Граѓаните и веруваат на медицината и задоволни од организацијата на процесот на имунизација па некои од ниви уште утрово ја примија првата доза на кинеската „Синофарм“ вакцина.
Имунизацијата ќе се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини. Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Центарот е опремен со 14 паравани, ладилник за вакцините, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните. Масовната имунизација е единствениот начин за победа над пандемијата, апелираат здравствените работници.
„Ќе гледаме да вакцинираме што може повеќе луѓе на што побезбеден начин, акцентот е да вакцинираме што повеќе луѓе тоа е единствен спас и единствен лек да се справиме сдо оваа пандемија.033(лепи)0,58„Пациентите нема да чекаат добиваат точно време и пункт каде треба да се јават, тука се ангажирани повеќе тимови од неколку здравствени установи, како и екипа на Општина охрид, така да не верувам дека и на крајот на краиштата ние сме тука за граѓаните да бидат задоволни. Процесот на вакцинација е сигурен, имаме и направено бекап за несакани ентуални дејства, алергиски рекации, вклучени се доста искусни чланови на медицинските тимови и мсилам дека се ќе помини во најдобар ред“ вели др. Горан Балевски – директор ЈЗУ Општа Болница Охрид.
Првата поголема пратка која охридскиот регионален центар ја прими се состои од 7200 вакцини од производителот “Синофарм”, а доплнителната дистрибуција на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување.