Започна мониторингот на црквите во Охридскиот регион
Дебарско-кичевската епархија изобилува со православно културно наследство Стручниот тим од ИКОМОС Македонија започна со мониторингот на црквите во Охридскиот регион. Теренските активности треба да ја покажат состојбата на црквите и манастирите во Охридскиот регион.
Развојот на црковниот живот по должината на брегот на Охридското Езеро, со својата верска архитектура, фрески и икони, сведочи за исклучителната вредност на овој религиозен и културен центар.
Мониторингот ќе биде спроведен од пет теренски тимови, составени од искусни професионалци од различни области. Учествуваат и млади професионалци кои членуваат во ИКОМОС Македонија. Теренските податоци од мониторингот ќе се прибираат според посебно креирана методологија. Методологијата е базирана на најдобрите светски практики и препораки за мониторинг на културно наследство. Истите ќе се слеваат во специјално дизајнирана база на податоци која ќе биде виртуелно достапна за јавноста. Врз основа на наодите од мониторингот, ИКОМОС Македонија ќе даде и препораки и насоки за потребните идни заштитни и превентивни интервенции.