Започна неделата на солидарноста
По повод одбележување на Неделата на солидарност од 18 – 24 април 2016 год. под мотото Вашиот прилог значајна помош, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.

Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно да се вклучат во акцијата со:
– донирање на материјални добра, во просториите на Црвен крст Охрид ул.Димитар Влахов 52, во сите денови на траењето на акцијата вклучувајќи и сабота и недела од 8 до 15ч.
– давање на доброволни прилози на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери со обележја на Црвен крст Охрид, кои ќе бидат на повеќе јавни пунктови низ градот.
– донирање на парични средства на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери со обележја на Црвен крст Охрид, преку акцијата – Од куќа до куќа, во која волонтерските тимови на нашите сограѓани ќе им приложат плико и информативен флаер за нивна вклученост во акцијата за донирање парични средства според нивната желба и можности.
– донирање на парични средства на жиро сметката на Црвен крст Охрид со назнака за “Недела на солидарност”.