Skip to main content

Започна новата учебна година

Започна новата учебна 2017/2018 година. Основните и средните училишта во градов ги отворија портите за сите ученици. Околу 500 првачиња за прв пат седнаа во училишните клупи. Успешна и весела учебна година на новите првачиња и сите ученици, им посака градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

 |  Николоска Биљана  | 

Првиот училишен ден, за некого возбудлив, за некого стресен, а за трети плачлив. Многу различни емоции од синоќа до денес се испреплетени, посебно за првачињата и нивните родители. Дел од новите првоодделенци за прв пат ќе седнат во клупа и ќе го слушнат училишното звоно, а дечињата кои посетувале градинка поопуштено го дочекаа првиот училишен ден. На овој ден ќе се родат многу нови другарства кои ќе се надополнуваат преку секојдневно учење и дружење истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески, поздравувајќи ги новите првоодделенци од ОУ „Христо Узунов“.

Нашите првачиња поради новиот квалитетен исчекор во нивниот живот, родителите бидејќи нивните најмили од денес навлегуваат во сферата на откривање на тајни и совладување на знаења, кои во значајна мера ќе ги формира нивните карактери и ќе ги изгради како личности за кои се надевам дека сите ние ќе бидеме горди.

Добредојде на првоодделенците им посака и директорот на училиштето Тони Симоноски. Тој истакна дека ОУ „Христо Узунов“ е расадник на квалитетни ученици, истакувајќи го примерот на ученичката Христина Митреска која забележала видни резултати по неколку предмети од наставниот процес.

Се надевам дека од оваа сала кога ќе завршат деветто одделение ќе имаме уште многу вакви ученици, со кои во иднина како училиште ќе се гордееме. Драги првачиња од денес започнува нова епизода од вашето детство, ова е прва средба со училиштето во кое во текот на наредните години ќе го стекнете своето основно образование

Христина Митреска, најдобриот ученик во учебната 2016 – 2017 година во оваа прилика доби скромен подарок од градоначалникот Никола Бакрачески. Таа искажа голема благодарност до градоначалникот и Локалната самоуправа за поддршката која и ја пружиле изминатиов период

„Вечно ќе ги памтам деновите поминати во ова училиште, а најмногу од се ќе ми недостасува дружењето како и наставниците кои се трудат за нашиот успех. Бидете горди што ќе учите во ова училиште каде излегуваат успешни генерации

ОУ „Христо Узунов“ и годинава имаше организирно мала свеченост по повод првиот училиштен ден и подготвено ги пречекаа учениците за успешен почеток на новата 2017/2018 учебна година.