Skip to main content

Започна реализацијата на проектот „Да читаме, раскажуваме и да откриваме нови светови“

Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право охридската градска библиотека и Здружението за промоција на култура, спорт и образование „Младински културно образовен центар Соната“ од Охрид започнаа со реализацијата на проектот „Да читаме, раскажуваме и да откриваме нови светови“.

 |   | 

Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право охридската градска библиотека и Здружението за промоција на култура, спорт и образование „Младински културно образовен центар Соната“ од Охрид започнаа со реализацијата на проектот „Да читаме, раскажуваме и да откриваме нови светови“.

Целта на проектот е популаризацијат на читањето книги, автори и читањето меѓу младите, но и меѓу сите вљубеници во литературата, велат потписниците на Меморандумот. Првиот ден од проектот го добележа настанот „Годината на Конески“, за кој имало голем интерес, вели еден координаторите на проектот М-р Милчо Јованоски.

Проектот го започнавме синоќа заедно со со Здружението за промоција на култура, спорт и образование „Младински културно образовен центар Соната“ од Охрид, задоволни сме од одзивот имаше околу 30 тина луѓе кои беа вклучени во првиот ден посветен на творештвото и 100 годишнината од Блаже Коневски, што е само една од активностите кои нашата библиотека ги планира, а овој проект се планира да се прошири и на републичко ниво“, вели м-р Милчо Јованоски – НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Покрај Јованоски Координатор на проектот од „Соната“ е Сара Коваческа како и други членови на здружението и библиотекари од НУ Библиотека – Охрид, а истиот ќе се спроведува во времетраење од една година.со активности кои ќе се спроведуваа онлајн на Интернет и преку социјалните мрежи. Замислата е еднаш месечно да има онлајн средба на која ќе се разговара на теми од литературата, со нагласок на македонските автори и книги во годината во која се одбележува 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Онлајн средбите ќе се одвиваат под мотото „За вкусовите се расправа“.