Започна снимањето на промотивните спотови за кампањата „Безбедно како дома“
Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Полска и Турција се пазарите каде што оваа година се пласира првиот дел од медиумска кампања со цел информирање за поминување на безбеден одмор во туристичките потенцијали коишто земјава ги поседува и будење на свесноста за неопходност од почитување на безбедносни протоколи. Од агенцијата со оптимистички предвидувања за сезоната што ни претстои, а во Охрид очекуваат покрај од регионов, туристи и од Холандија, Полска и Украина.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна снимање на промотвно видео „Safe like home“ за привлекување на домашни и странски туристи. Кампањата содржи пет промотивни видеа, кои ќе таргетираат повеќе земји од соседството. Целта е да се докаже дека Македонија е сигурна детинација за лето 2021 година.
Дел од спотовите се снимани на брегот на Охридското езеро. Ова лето се токму во Охрид очекуваат туристи од Холандија, Полска, Украина, но и кружни тури, каде главниот туристички центар ќе биде попатна станица.
„ Македонија е една од најслободните земји кога е патувањето во прашање, но страските туристи сега имаат друг проблем кога ќе отидат во своите земји имаат одредени карантини од 7 до 14 дена. Ние како дестинација секој може да влезе во нашата земја без ПЦР тест Дополнителната дипломатска офанзива веќе ја имаме во месец мај и ќе продолжиме понатаму. Имав средба со амбасадорите и објаснивме дека Македонија е безбедна дестинација и секако фокусот ќе биде и на традиционалните наши пазари“, вели Љупчо Јанески директор на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.
За српските туристи предвидено е покрај ослободување од патарини и бесплатни паркинзи и карти за музеите во Охрид. Отпочнати се и преговори за повторно воспоставување на авиолинијата Белград – Охрид.
„Иницијативата е прифатена. Веќе и Хотам дава попусти за српските туристи како една голема благодарсност за се она што го направи соседна Србија со вакцинацијата. Се надеваме дека масовното вакцинирање ќе го даде својот ефект и за брзо време од страна од општината ќе има ослободување на паркинг услуги за српските туристи а потоа и бесплатни билети за музеите. Очекуваме оваа година да имаме многу повеќе српски туристи. “ вели Љупчо Јанески.
Од Агенцијата оечкуваат 2021 година да биде подобра од лани. Се прогнозираат над 2 милиони ноќевања и 300 милиони долари приход во туристичкото стопанство.