Skip to main content

Започна средување на зеленилото на повеќе локации

Работниците на Комуналец и другите јавни претпријатија денес сечеа гранки на дрвја и грмушки покрај патиштата.

 |  Валентина Неловска  | 
akcija
akcija

Работниците на Комуналец и другите јавни претпријатија денес сечеа гранки на дрвја и грмушки покрај патиштата. Денешната  акција за чистење на зеленилото  започна на неколку локации во градот и приградски населби, а ќе се одвива и на крајбрежјето. Итна е потребата од кастрење на гранките и разеленетите плотови на патот кој ги поврзува населбите  Видобишта и Велгошти, информира секретарот на Локалната самоуправа, Димитар Спасески.

lokacijaПојаснува дека освен на оваа локација се  работи и во стариот дел на градот на потегот од црквата Каменско до Горна Порта. Во план е расчистување на зеленилото и на паркот кај плажата Немо, потоа на пешачката патека кон Горица, каналот Студенчишта и на потегот на зелениот појас од Билјанини извори до Св. Стефан.

„ Со овие масовни акции сме уверени дека ќе дадеме нов лик на  градот. Ќе изгледа средено и ќе дадеме придонес за поуспешна туристичка сезона. Споменатата акција е наменска и се надоврзува на тековните активности на Комуналец“.

Акцијата за расчистување ја спроведува ЈП Комуналец, а вклучени се и работниците од останaтите ЈП, Проаква, Нискоградба и Билјанини извори. Покрај редовните работници на Комуналец дополнително се вклучени и  околу 100 -тина вработени од останатите три претпријатија, кажува Спасески. До почетокот на официјалната туристичка сезона покрај средувањето на јавните зелени површини ќе заврши и започнатото крпење  на ударните дупки на охридските улици, напоменува Спасески.

secenje granki„ Оние улици што беа најкритични се санирани. Го разгледав планот и програмата за крпење на дупките и динамиката задоволува. Санирање на дупки ќе има на сите улици, а согласно Програмата на Локалната самоуправа  ќе има и поставување на асфалт на улиците“.

Секретарот на Локалната самоуправа, Спасески  е задоволен од динамиката со која се одвива  во моментов крпењето на ударните дупки на оштетените градски улици. Ситуацијата е критична на скоро сите градски улици, но најлоша е на патниот правец кој води кон Свети Наум.

 

{loadposition content9}